Алкалоид беше подобар од Тиквеш на гостински терен со 22-24 за прва победа во Супер-лигата по ремито со ГРК Охрид. Дамјан Митев постигна шест гола, додека Игор Ѓорѓев имаше пет, додека Галевски запиша 11 одбрани. Кај поразениот состав Цветковски, Манасков и Коцев имаа по четири гола. Избраниците на Кирил Лазаров влегоа силно во мечот, отворија со 0-4, беше и 3-8, па 4-10. На одморот разликата беше пет гола (9-14). По голот на Серафимов за 9-15, ...
Актуелниот шампион на Македонија Е. Пелистер очекувано стигна до втор триумф во исто толку натпревари на стартот на новата сезона во ракометната Суперлига на Македонија. Битолчани денеска на домашен терен беа сигурни против Пролет со 36-24. Уште во првиот дел „пелистерци“ ја покажаа разликата во квалитет па по триесет минути игра имаа позитива од деве погодоци (21-12). Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 36-24. ...