Партиските карвани и независните, тргнаа по гласовите на граѓаните. Втор ден предизборна кампања, прашањето исто, дали ќе победат визиите за локален развој или старите навики на клиентелизам и лични ветувања? Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска централниот митинг ќе го одржи во Штип. Претходно средби со граѓани во Лозово, Карбинци и во Пробиштип. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, ...

На вториот ден од кампањата се заострува реториката кај лидерите на партиите но и кандидатите за градоначалници. Обвинувања но и натпреват за тоа кој е вистинскиот избор за граѓаните откако и денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче му одговори на Мицкоски кој вчера посочи дека граѓаните на овие избори ќе имаат можност да бираат само меѓу две опции онаа која ја предводи тој и другата која ја предводат опозициските лидери . Мицкоски и вчера на ...