Црвениот крст на Македонија повика да се донира за помош на настраданите во големите поплави и свлечишта што вчера ја погодија Босна и Херцеговина, при што загинаа 24 луѓе, уште не се знае колкумина се исчезнати, а материјалната штета е огромна. „Црвениот крст на РСМ веднаш стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и согласно нивната проценка на потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со ...

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети. Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати. Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи ...