Западот е виновен за ситуацијата во која се наоѓа Европа – накусо на тоа се сведува денешната прес-конференција на првиот руски дипломат. Сергеј Лавров, во Скопје, на последниот ден од Министерскиот совет на ОБСЕ, во настап од безмалку час и половина ги повторуваше познатите позиции на официјална Москва за војната во Украина, за состојбата на стариот континент, за односите и влијанијата на Балканот, за тоа зошто ОБСЕ се соочува со такви проблеми ...
Голем медиумски интерес во Скопје денеска предизвика прес-конференцијата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Фокусот на новинарските прашања беше војната во Украина, а Лавров им забележа на новинарите дека не се работело за војна, упатувајќи низа критики до западот. Тој оцени дека нема причини да се слави 30 годишнината на ОБСЕ затоа што организацијата е деградирана на сите полиња, а говорите на западните министри на ...