Говедското месо кај нас се продава по 1.000 денари за килограм, а во Германија стигна и до 50 евра за килограм. Потрошувачите се соочуваат со невиден скок на цените на месото, а во европските земји цените на говедското и на телешкото за една година се зголемија за 50 отсто. Трговците и сточарите предупредуваат дека цената на говедското месо може да се качи и над 1.000 денари за килограм во наредните месеци, бидејќи европските земји од каде што ...
Цената на говедското месо станува синоним за шок во месарниците. Ако пред само неколку години килограм првокласно говедско можеше да се најде за околу 600 денари, денес речиси и да нема тезга или маркет каде што не е најмалку 1.200 денари. „Секој ден праќаат нови ценовници од увозниците. Буквално секоја недела расте цената. Ние само го следиме тоа, не можеме да продаваме по стара цена, ќе работиме со загуба“, вели за „Денар“ сопственик на една ...

