За да ги добие првите 52 милиони евра од ЕУ за спроведување на реформската агенда за периодот 2024-2027 година, земјата мора да исполни одредени услови, да ги усвои соодветните закони и да формира тела за нејзино спроведување и следење. Ова беше пораката на евроамбасадорот Микалис Рокас, дадена пред пратениците во Собранието, каде се дискутираше за реформската агенда и планот за раст на ЕУ. Рокас рече дека планот за раст обезбедува прогресивен ...

Планот за раст на Европската унија и реформската агенда на Владата како предуслов за реализација на средствата во вредност од 750 милиони евра за периодот од 2024 до 2027 година, се разгледуваше на Комисијата за европски прашања. Според претседателката Гордана Сиљановска Давкова иако роковите за имплементација се кратки, мора да се работи на исполнување на реформите и да се одредат приоритетните проекти, особено во сферата на владеење на правото ...