Хипербаричната комора која за потребите на повредените во пожарот во дискотеката Пулс беше донирана за кочанската болница, никогаш досега не била ставена во функција. Ваквата информација за Канал 77 ја споделил Томи Димитријев од Support Kocani: „Да имаш нешто коешто знаеш дека ќе им помогне на луѓето и своеволно да одлучиш да не го користиш е голема саботажа, нехумано дело, тотално“, вели Димитријев. Димитријев целосно хронолошки го раскажа ...

Хипербаричната капсула донирана во кочанската болница и наменета за рехабилитација на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, фаќа прашина. Во моментов не ја користи ниеден од повредените пациенти а директорката на болницата доктор Катерина Паниќ за „Слободен печат“ вели дека кај пациентите има отпор за нејзино користење. Сепак, додава таа, кога пулмолози ќе прават евалуација на пациентите повторно, ќе им биде понудена можноста за ...