Шеснаесетгодишен возач на мотор загина во сообраќајка во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“. Според првичните сознанија по направениот полициски увид, тинејџерот управувал без возачка дозвола, без заштитна кацига и со голема брзина. Додека брзо возел со моторот, не успеал да избегне електричен тротинет на кој се возел друг 14-годишен малолетник. Во сообраќајната несреќа, возачот на моторот се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал ...
Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница“, информираат од МВР. ...