Со невидена леснотија деновиве, во изборната кампања за претседател на државата, изложени сме на агресивните тврдења од кандидатките за претседател дека Македонија ја изгубила гордоста, а македонската нација го изгубила достоинството. И бидејќи сме земја која ја изгубила гордоста и нација што го изгубила достоинството, тие од своите огромни билборди и од телевизиските екрани ни порачуваат – со нив Македонија ќе станела повторно горда, а нацијата ...

Ѓорѓи Спасов: И бидејќи сега државата е со изгубена гордост, а нацијата со изгубено достоинство, тие ветуваат дека ако која било од нив стане претседателка на државата, и ако дојде до промена на оваа „ненародна власт“, Македонија ќе станеле повторно горда со Гордана, а нацијата повторно достоинствена со Билјана. Едно е што двете, со невидена надменост, тврдат дека да биле тие на власт и да имале можност тие да преговараат, наместо „неспособните ...