Алкалоид ги запиша првите бодови во плеј-офот, откако на домашен терен го совлада ГРК Тиквеш со 34-27 (16-12) во рамките на второто коло. Во составот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија се врати Дамјан Митев, кој не играше против Вардар 1961. Први стрелци кај победникот беа Дамјан Митев и Мартин Серафимов, двајцата реализираа по шест гола, по пет погодоци имаа Бинго и Петковски. Кај гостите, Обина и Кривокапиќ имаа по седум погодоци. ...
Екипата на Алкалоид се рехабилитира од поразот во градското дерби со Вардар 1961 и славеше над ГРК Тиквеш (34-27) во рамки на второто коло од плеј-офот во Суперлигата. За Алкалоид ова беше прва победа во плеј-офот, со која се врати на третата позиција на табелата. Дуелот почна израмнето, двата клуба беа близу до резултат 6-6, па голманот Марко Кизиќ влезе во ритам. Македонскиот чувар на мрежата на Алкалоид почна една добра серија на голот со ...