По поразот во полуфиналето на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ на прес-конференција истакна дека верува дека неговите најдобри шанси за титула од грен слемовите се на Вимблдон, третиот грен слем сезонава кој ќе се одигра на лондонските тревни терени од 30 јуни до 13 јули. Новак ја освои својата 100-та титула во Женева, а повеќе имаат само Роже Федерер (103) и Џими Конорс, кој е на врвот со 109. И токму човекот со најмногу титули има апсолутна доверба ...
Еден совет кој тенискиот ас Новак Ѓоковиќ му го упатил на својот млад колега Јаник Синер му помогнал на Синер да се промени и да го трасира својот пат кон успехот. Според тренерот на Синер, Дарен Кејхил, Новак му рекол на Италијанецот да има повеќе варијации во играта, да го подобри сервисот и почесто да доаѓа до мрежата. Кејхил објасни како влијаело тоа на Синер: – Не е дека не знаевме дека на Јаник му е потребно сè што нè советуваше Новак. ...