На 08.10.2025 во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп. Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат ...
Лицата Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), и двајцата од Скопје, како што информираат од МВР, се лишено од слобода поради сомнение дека намерно го предизвикале пожарот. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка Две товарни и едно патничко возило синоќа биле опожарени на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради сомнение дека возилата се ...

