Франција ќе се обиде, заедно со другите европски земји, да ги комбинира сите можни средства за да ја надомести американската воена помош за Украина, изјави францускиот премиер Франсоа Бајру. „Предизвикот со кој се соочува Франција е многу едноставен. Ова е комбинација од сите можни средства за колку што е тоа можно, да се замени меѓународната помош“, нагласи Бајру, говорејќи во Националното собрание, пренесува „Фигаро“. Тој изјави дека тоа се ...

Претседателот Емануел Макрон предупреди дека Франција треба да се подготви за можноста САД да се оттргнат од Европа со зголемување на трошоците за одбранбените потреби и преиспитување како земјата го користи своето нуклеарно одвраќање, објави Политико. „Руската закана е тука и ги погодува европските земји, влијае и на нас“, рече Макрон во говорот на националната телевизија во средата. „Сакам да верувам дека САД ќе останат покрај нас, но ние мора ...