Шопската салата е вклучена на листата на најдобри салати во светот, меѓу специјалитети од Италија, Франција, Јапонија и Мексико. Во големиот избор од 24-те најдобри салати во светот што неодамна го објави американскиот CNN, свое место најде и шопската салата, традиционално јадење со потекло од народот Шопи, но подеднакво популарно на трпезите во Македонија, Србија и Бугарија, но и во Албанија, Црна Гора, Хрватска, Романија и Босна и Херцеговина. ...
Според листата на CNN (јуни 2025) за 24 најдобри салати во светот, на листата се најде и популарната шопска салата. Оваа шарена, освежителна мешавина од сечкани домати, краставици, пиперки, кромид, со многу фино бело сирење слично на фета, е олицетворение на едноставната, но богата балканска кујна. Прелиена со масло и по желба украсена со црни маслинки или лути пиперки, шопската салата често се смета за гастрономски симбол на регионот. Освен во ...