По првите осум кола во Првата фудбалска лига, во кои шампионот Шкендија не знае за пораз, тимот на Јетон Беќири се наоѓа пред најголемиот предизвик есенва. Тетовчани од утрово се во Мадрид, каде утре во предградието Ваљекас ќе ја започна главната фаза на Конференциската лига со дуел против Рајо Ваљекано. Најискусниот во тимот од Тетово, капитенот Бесарт Ибраими, денес говореше пред шпанските медиуми во конференциската сала за седмопласираниот ...
Столе Димитриевски, иако веќе втора сезона е во Валенсија, и тоа како има што да каже за Рајо Ваљекано, за тимот кој вечерва ја пречекува Шкендија во меч од 1.коло во лигашката фаза во Лигата на Конференции. Македонскиот репрезентативен голман од 2018 до 2024 беше речиси шест сезони дел од тимот на Рајо со мала епизода во Химнастик. Столе во клубот од предградието на Мадрид се етаблира како еден од најдобрите голмани во Ла Лига во последните ...