Милан ова лето мора да продава за да ги балансира сметките откако не беше обезбеден настап во Лигата на шампиони, но на „росонерите“ може да им се случи распад и да останат без неколку клучни играчи кои беа носители на играта изминативе години. Тиџани Рајндерс е пред трансфер во Манчестер Сити вреден околу 70 милиони евра, Тео Ернандез преговара со неколку клубови, а голманот Мајк Мењан доби понуда од Челси и побара од Милан да му овозможат ...

Рафаел Леао е блиску до разделба со Милан во преодниот рок кој ќе донесе посериозна реконструкција на тимот, а во кој новиот спортски директор Игли Таре очигледно ќе треба да најде замени за многу важни играчи на „росонерите“. Португалецот лично го информирал раководството дека сака да замине ова лето и побарал да бидат земени предвид понудите кои доаѓаат за него, а неговите променливи игри последните сезони веројатно ќе влијаат на одлуката ...