На денешен ден, пред точно 80 години, е формиран фудбалскиот клуб Пелистер од Битола, а по тој повод раководството на клубот реши да ги отвори вратите на стадионот за мечот против Воска Спорт и влезот да биде слободен. Пелистер е инаку култен фудбалски клуб од Битола, кој започнува официјално да живее на фудбалската сцена во Македонија од 1945 година. Своите натпревари ги игра на стадионот „Петар Милошевски“ и секогаш има поддршка од навивачите ...

Пелистер – Воска 1:0 (0:0) Фудбалерите на Пелистер попладнево во Битола забележаа вредна победа против Воска Спорт, со резултат 1:0, откако првото полувреме беше без голови, во натпревар од 22. коло на Првата македонска фудбалска лига. Единствениот погодок кој донесе три бода за Пелистер ги постигна Филип Бошковски во 64. минута.Натреварот започна со иницијатива на “пелистерци“ и во обид да дојдат до голот на гостите, да креираат шанси и да го ...

Фудбалерите на Пелистер забележаа роденденска победа против Воска Спорт (1-0), во рамките на 22. коло на Првата македонска фудбалска лига. Битолскиот тим на „Петар Милошевски“ го совладаа гостинот со единствениот погодок на Филип Бошковски во вториот дел. Пелистерци повеќе ја имаа топката од стартот, се обидуваа да креираат шанси и да го скршат отпорот на гостите. Сепак, тоа не одеше така лесно и Воска успеа да се одбрани. Првата вистинска шанса ...