На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнува три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за воспоставување врска со Бога поради што необрежаните се сметале за неосветени и нечисти, а со тоа ...
Голем број македонски семејства Василица, на 14 јануари, ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. Паричка во лепче за Василица се става во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија. Имено, Св,Василиј беше епископ на Кесарија во Мала Азија и живеел единствено со своите сограѓани во љубов,рзбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител ...