Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја почна тридневната посета на Таџикистан, каде ќе има средби и со лидерите на поранешните советски републики. За Русија врските со поранешните советски републики од Централна Азија се од големо значење по западните санкции поради војната во Украина. Предвидено е Путин да се сретне со претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон, а потоа ќе учествува на Самитот Русија и земјите од Централна Азија ...

Министерот за надворешни работи во талибанската влада во Авганистан, Амир Хан Мутаки отпатува во посета на Индија. Тоа е прва посета на висок претставник на талибанците во Индија откако исламистичкото движење се врати на власт во Авганистан во 2021 година. Предвидено е Мутаки да се сретне со шефот на индиската дипломатија Субрахманјам Џаишанкар, и други претставници од индиската Влада за политички, економски и трговски прашања. Талибанците се ...