Министерството за надворешни соопшти дека „силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на Фејсбук, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава. Таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава и истовремено ...

Нови провокации од бугарскиот пратеник Костадинов - овој пат, на адреса на премиерот Мицкоски. Додека официјална Софија молчи за реакцијата на македонското МНР - лидерот на националистичка „Преродба“ Костадин Костадинов, продолжува со провокациите. Денеска на фејсбук, со доза на сарказам, го советуваше премиерот Мицкоски. - Откако вчера повикав на обединување на двете бугарски држави Бугарија и Македонија, македонското МНР ја осуди мојата ...