„Гаспром“ објави дека ќе престане да извезува гас во Молдавија од 05:00 часот на 1 јануари поради неплатени такси од страна на Молдавија, објави Ројтерс. Компанијата изјави дека го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и да го раскине договорот за набавка со Молдавија. Прекинот на испораките е предвесник на целосно запирање на извозот на рускиот гас преку Украина и Европа, од каде продолжува до Словачка, Австрија, ...

Рускиот државен енергетски гигант Гаспром од утре треба да ја запре испораката на гас за Молдавија поради наводен долг од 709 милиони долари за претходни испораки. Властите во Кишинев ги негираат тврдењата на Русија и велат дека долгот е многу помал, односно близу 8,6 милиони долари. Жителите загрижени од можен недостиг на енергија кој може да ги остави без греење и светлина додека се подготвуваат за тешката зима. „Влегуваме во криза која тешко ...