Кошаркарите на Тиквеш после едно продолжение и голема борба го надиграа тимот на Чаир 2030 (92-83) во натпреварот од четвртото коло во Првата македонска лига. Комплетниот натпревар помеѓу Тиквеш и Чаир 2030: Гостите од Скопје не оставија лош впечаток и одиграа солидно во првото полувреме, по кое имаа негатива од само три поени (41-38). Сликата беше слична и во продолжение, Тиквеш никако не успеваше да се „одлепи“ и да го урне ривалот, па така ...
Тиквеш и Чаир одиграа драматичен меч, победникот беше решен после продолжение. Кавадарчани го запишаа вториот триумф оваа сезона, откако славеа со 92-83. Кавадарчани имаа шанса овој дуел да го добијат во регуларните минути, особено ако се земе во предвид дека во третата четвртина има двоцифрено водство од 55-44, додека на средината на третиот период имаа и позитива од шест поени (70-64). Гостите вратија со 8-0 за 70-72. Сепак после 40 минути ...

