Учинокот на ВМРО-ВЛЕН-ЗНАМСКАТА влада предводена од Христијан Мицкоски, во првите 100 дена не е за машала. Прашање е: Колку навистина може нешто реално да се сработи за 100 дена, освен да се пополнат вториот и третиот ешалон со сигурни партиски кадри и да се извлече некоја популистичка карта од ракавот, за граѓаните да речат: „Еве овие новиве нешто работат“? ВМРО-ДПМНЕ која е позната по своите „blitzkrieg“ менувања на функционерите овој пат тоа ...

Марин Гавриловски: Една моја професорка во средното училиште велеше „се ископрца за едно двојче“. Така некако може да се каже и за првите 100 дена од владеењето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Или „ајде, еве една преодна оценка за да се трудиш повеќе“. Мицкоски и неговиот тим треба да се трудат многу многу повеќе во иднина ако сакаат да останат на власт и да ги реализираат ветувањата што ги дадоа кон граѓаните. За разлика пак од нив, ...