Фудбалските ветерани на Бугарија и Македонија во неделата во Варна одиграа хуманитарен натпревар за настраданите во страшниот пожар кој се случи во Кочани. Бугарската и светска фудбалска легенда, Христо Стоичков, откри дека на хуманитарниот меч се собрани 112.000 лева, односно околу 55.000 евра. „Премногу емотивен ден. Првиот добротворен настан на Фондацијата ‘Национали 92’. Фудбалот уште еднаш покажа дека е посилен од сè. Собравме 112.000 лева ...

Комитите со серија активности успеаа да соберат вкупно 735.200 денари помош за настраданите во трагедијата во Кочани. „Трагедијата во Кочани никогаш не смее да се заборави, ниту да се повтори! Во овој момент, најважно е да се помогне на семејствата на настраданите, на сите кои се уште ја водат најважната борба! Во таа насока, како група низ разни акции успеавме да издејствуваме 735 200 ден. помош за настраданите во Кочани! Бидејќи секогаш сме ...