Министерството за надворешни работи на Катар издаде соопштение во кое „потврдува дека безбедносната состојба во земјата останува стабилна и нема причина за загриженост“. „Министерството нагласува дека е важно да не се подлегнува на гласини или ширење неточни информации“, се наведува во соопштението на катарското МНР. Министерството, исто така, наведува дека ќе соработува со други катарски тела за да „обезбеди безбедност на граѓаните и жителите ...

Министерството за одбрана на Катар објави дека противвоздушните сили пресретнале ракетен напад од Иран насочен кон воздухопловната база Ал-Удеид. Претходно, сирените за опасност во воздухот се вклучија во Катар, Ирак, Бахреин, а воздушниот простор беше затворен во Обединетите Арапски Емирати. Катар, како што објавија светските агенции, изјави дека го задржува правото директно да одговори на начин соодветен на природата и обемот на нападот и во ...