За градоначалничка на Скопје во партијата се самокандидирала бидејќи смета дека со искуството што го има зад себе може да го врати градот таму каде што треба да биде, вели во интервју за МИА кандидатката на СДСМ за градоначалник на главниот град Каја Шукова. Првата работа што ќе ја направи, како и некои од нејзините досега познати противкандидати, ќе започне со хигиената и со чистењето на градот почнувајќи од центарот на Скопје. Ќе го врати ...

Во Скопје прво треба да ги вратиме елементарните стандарди на живеење и елементарните вредности. Тоа секако се надоврзува со повеќе процеси и мислам дека на сите треба да ни биде едно јасно, дека Скопје не се само булеварите, не се само зградите. Скопје е пред сѐ граѓаните, истакна кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова, во интервју за новинската агенција МИА. Партиските боји не се важни кога се работи за граѓаните, ...