Авион се урна во Казахстан, соопшти таму Министерството за вонредни ситуации. Според првичните информации, во авионот имало 67 патници и пет членови на екипажот. На социјалните мрежи се појави видео од несреќата на кое се гледа како авионот се запалил при падот. Летот на Азербејџан ерлајнс летал од главниот град Баку за Грозни во Русија, но бил пренасочен поради магла. Се урна во близина на аеродромот Актау на западот на земјата. ...

Неколку дена после авионската несреќа во Казахстан, кога се урна авион на Азербејџан Ерлајнс, нова трагедија го потресе светот. Патнички авион 737-800 со 185 патници и шест членови на екипажот, се урна на аеродромот Муан во Јужна Кореја. До пишувањето на овој текст, пријавени се 28 загинати и тројца преживеани, а веднаш е почната спасувачка акција. Се работи за летот 2216 од Бангок на компанијата „Јеју Ер“. На снимките се гледа дека авионот се ...