Вториот круг од претседателските избори во Романија требаше да се одржи утре (недела, 8 декември, 2024), но Уставниот суд на земјата го поништи целиот изборен процес и наложи нови избори со цел „да се обезбеди исправност и регуларност на изборниот процес“, се вели во објаснувањето за одлуката на судот. Бидејќи изборното изненадување во кое екстремниот националист и езотеричар Калин Горгеску освои најмногу гласови воопшто не беше „изненадување“, ...
Романската разузнавачка служба ги претстави наодите пред претседателот и владата на Романија, каде што било очигледно дека земјата е цел на невиден сајбер-напад во пресрет на претседателските избори. Во повеќе од 85.000 интервенции во мрежата имало и саботажи, откривање тајни и пред сѐ истакнување на популарноста на Горгеску. Додека пред кампањата имаше само неколку стотици следбеници на својата социјална мрежа, тие алгоритми и илјадниците ...