Без јасни квалификации за членови на комисии и без критериуми за оценка на проекти, Министерството за култура исплатило над пет милиони евра за проекти без утврдени критериуми. Неправилности и неусогласености во работењето утврдил Државниот завод за ревизија во најновиот ревизорски извештај за работата на ресорното министерство. - Во однос на евидентираниот книжен фонд на Министерството, со извршената ревизија утврдено е дека потекнува од 17 ...

Поплавени икони и други културни богатства, исчезнати уметнички дела и икони, сомнителни финансиски извештаи, исчезната проектна документација, книги кои скапуваат во подрум, различни аршини за исплаќање на државна награда за уметници од културата и уште ред други неправилности се констатирани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија што беше објавен деновиве. Во Министерство за култура според извештајот на ДЗР има материјал за ...