Два хеликоптери на албанското воено воздухопловство денеска превезоа четворица српски планинари. Еден од нив падна и се повреди на преминот од Валбона кон Тет, соопшти денеска албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши. Тој на Фејсбук напиша дека повредениот српски планинар е пренесен во болница и е под надзор на лекар, а останатите тројца планинари, за среќа, не се повредени. Приштинскиот портал „Репортерс“ пренесува соопштение од полицијата ...

Педесет и деветгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во 13 часот во Скопје. Од полицијата велат дека било пријавено дека на улицата „Отокар Кершовани“ возило „голф“ со скопски таблички управувано од И.М.(76) од Скопје удрило во А.С.(59) од скопската приградска општина Сарај. Во несреќата пешакот се здобил со тешки повреди кои му биле констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“. По несреќата, бил ...