Српски планинар се повреди во Албанија, со хеликоптер е пренесен во болница

Од:

Два хеликоптери на албанското воено воздухопловство денеска превезоа четворица српски планинари.

Еден од нив падна и се повреди на преминот од Валбона кон Тет, соопшти денеска албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Тој на Фејсбук напиша дека повредениот српски планинар е пренесен во болница и е под надзор на лекар, а останатите тројца планинари, за среќа, не се повредени.

Приштинскиот портал „Репортерс“ пренесува соопштение од полицијата на Албанија, во кое се наведува дека полицијата во соработка со Министерството за одбрана и медицинскиот тим на Министерството за здравство дошле на помош на српски турист кој паднал од височина на планината Језерце и поради повредите не можел да се движи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов