ЏАБИР ДЕРАЛА Можеби се годините, можеби искуството сосе годините, не знам, но кога ја гледам оваа земја веќе не можам, како порано, во себе не наоѓам ни цинизам, уште помалку огорченост или револт. Не сум дури ни разочаран. Тоа е можно само кога човек во себе има барем трошка надеж дека нешто може или би можело да биде подобро. Почнав да прифаќам дека некои болести се едноставно неизлечиви. Особено кога болеста е масовна како епидемија. Не само ...

Ова се рефлексии за општественото распаѓање, бесмисленоста на надежта и неизбежната индиферентност кон системските неуспеси на институциите и членовите на оваа административна заедница или држава, како сакате. Празнина што го дефинира колективното искуство. Од највисоките места на моќ до секојдневните интеракции, општеството е заробено во бескрајна спирала од примитивно однесување, насилство и илузионизам, неспособно – или неволно – да се ...