Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе преземе и Управата за финансиска полиција. Во државава вчера се врати првиот од 115-те пациенти повредени во пожарот кои се лекуваат во странство. Според последните информации, во критична состојба се пет од пациентите во странство. Од болниците во Скопје, вчера беа испишани уште 12 пациенти. Институциите пак ги почнаа ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари информира дека има добри вести од странство во поглед на повредените пациенти во кочанската дискотека. Остануваат 91 пациенти, а девет се враќаат денеска во земјава. Според него, има добри вести и за критичните четири пациенти кои се лекуваат во странство. -Иако се се уште во тешка состојба, тие се во подобрена во однос на вчерашниот ден. Оптимист сум дека и тие ќе се подобруваат – такви ми се ...