Кошаркарските репрезентации на Србија и Литванија забележаа нови победи на Европското првенство, но навивачите останаа загрижени поради повредите на важни играчи на двете селекции. Василије Мициќ беше меѓу најдобрите на теренот на дуелот против Чешка (82:60), но го заврши настапот со незгоден удар и принудно повлекување на клупата. Аврамовиќ со 14 и Петрушев со 13 поени беа најефикасни кај српската селекција, а двоцифрени беа Милутинов и Јовиќ ...
Литванија се соочува со огромни проблеми во пресрет втората фаза од Евробаскетот откако на натпреварот против Финска повреда заработи првиот плејмејкер во составот, Рокас Јокубаитис. Јокубаитис имаше лош доскок во последната четвртина по која се пожали на посериозна повреда на коленото по што мораше пред време да го напушти теренот. До тој момент Јокубаитис имаше 16 поени и девет асистенции со што е јасно дека Литванците ќе имаат сериозни ...