Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека земјата ќе го почитува примирјето објавено од американскиот претседател Доналд Трамп, под услов Израел исто така да ги почитува неговите услови. „Доколку ционистичкиот режим не го прекрши примирјето, ниту Иран нема да го прекрши“, рече Пезешкијан за време на телефонскиот разговор со малезискиот премиер Анвар Ибрахим, според соопштението за медиумите од иранското претседателство, пренесува ...

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото, пренесува Гардијан. „Отстранивме две непосредни егзистенцијални закани за нас – заканата од нуклеарно уништување и заканата од уништување од 20.000 балистички ракети“, тврди израелскиот премиер во видео обраќање објавено од неговата канцеларија. ...