Европските берзански индекси денес се претежно во пад, нафтата и златото поскапеа со истовремен пад на цените на пченицата, додека инвеститорите се фокусирани на преговорите за Украина и податоците за трговскиот биланс на еврозоната, кои ќе бидат објавени во 11:00 часот. Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,31 процент на 24.461,04 поени, францускиот CAC 40 за 0,23 проценти на 7.907,04 поени, московскиот MOEX за 2,09 проценти на ...

Швајцарија би била подготвена да го прими рускиот претседател Владимир Путин на какви било мировни преговори за Украина и покрај постојната потерница по него од Меѓународниот кривичен суд, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис, јави Ројтерс. Тој за националниот радиодофузен сервис СРФ кажа дека доколку Путин доаѓа за мировни цели, земјата може да го прими. „Ова има врска со нашата дипломатска улога, со меѓународната ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја предводи делегацијата на Соединетите Американски Држави во клучните преговори со украински и европски претставници, со цел изготвување предлог-документ за безбедносни гаранции за Украина. Веста ја објави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на два независни извори блиски до процесот. Преговорите се дел од поширок дипломатски напор за зацврстување на поддршката за Украина во услови на ...

Телеграф - Лондон Доналд Трамп не можеше да го пронајде претседателот на Финска меѓу собраните европски лидери на неговиот Самит во Белата куќа за Украина. „Тука сум“, рече насмеаниот Александар Стуб од своето место на главната маса, спроти американскиот претседател и до Володимир Зеленски. „Ох, изгледаш подобро од кога и да е“, му одговори веднаш Трамп на својот колега. Имаше уште комплименти за „младиот, моќен човек“ што ја предводи Финска, ...