Репрезентацијата на Македонија до 14 години утре и вчетврток ќе одигра два дуели на домашен терен со соодветната селекција на Словенија. За овој термин, селекторот Горан Станковски одбра исклучиво играчи од домашниот шампионат, што со оглед на терминот е и разбирливо. Оваа генерација веќе одработи кампови во Струмица, таканаречени селективни кампови на кои што поминаа голем број на играчи, а ова е она што селекторот Станковски во моментов смета ...

Репрезентацијата на Македонија до 14 години, денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, загуби од селекцијата на Словенија со 4-3. Дуелот беше интересен, и веднаш по првиот дел со пресврт. Македонија поведе со 1-0 уште во раната фаза од мечот, а Словенците вратија со три гола на полувремето, и дојдоа во предност од 1-3. Сепак, Македонија не се предаде и стигна до 3-3, но во последните мигови од натпреварот гостинот постигна нов ...

Македонската репрезентација до 14. години предмалку на Комплексот Петар Милошевски во Скопје по втор пат во три дена загуби од соодветната селекција на Словенија. Конечните 3:4 на денешниот дуел може да се оценат како интересни, возбудливи и полни со борба за секоја топка. Македонија поведе по само неколку секунди по една грешка на гостинската одбрана, а потоа до крајот на првиот дел, Словенија ја покажа сета своја сила и квалитет. Направи ...