Професорот по сеизмологија на Универзитетот Аристотел во Солун, Манолис Скордилис изјави дека ситуацијата на грчкиот остров Санторини е исклучително сериозна и дека можни се земјотреси со јачина над шест степени според Рихтеровата скала, објави порталот Хелас сега, наведувајќи дека жителите постепено го напуштаат островот. Луѓето набрзина купуваат билети за да го напуштат островот, па синоќа имаше многу долги редици пред шалтерот за билети во ...

Во текот на ноќта и рано утрово продолжија умерените земјотреси во близина на Санторини, меѓутоа грчките сеизмолози смируваат и велат дека се следи ситуацијата, додека пак според медиумите во Грција, од синоќа голем е бројот на граѓани кои го напуштаат островот, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресите во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос не надминуваат 4,4 степени според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната ...