Херојот Јован Костадинов, средношколец кој спаси 21 лице во пожарот во Кочани ја раскажа својата приказна за кобната ноќ во дискотеката „Пулс“. Тој сведочи за страшни глетки, девојка која си го поголтнала јазикот, викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува. – Од внатре се слушаа само пискотници од девојки. Јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскавме вода внатре, тие пискаа. Ги прскав со вода едно две-три ...

Херојот од Виница, Јован Костадинов, кој и самиот заврши во болница по трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, ја сподели својата приказна за самопожртвуваноста и неговата решеност да спаси што повеќе животи. Тој ја раскажа својата улога во трагедијата и детали од спасувачката операција. Костадинов објасни дека изнесувањето на младите било многу тешко, бидејќи многу од нив биле онесвестени. Поради тоа, сам се соочувал со голема физичка и ...