Постојано сме присутни на терен, како МВР, така и останатите институции и ве уверувам дека за секој што е поврзан со еколошки криминал ќе следуваат соодветни дејствија и од наша страна, а сметам дека во иста насока ќе продолжат и обвинителството и судството, рече денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Во врска со трајно решавање на проблемот со депонијата Вардариште, министерот истакна дека за тоа мора да се делува во повеќе ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, донесе одлука со која се продолжува притворот за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево, информираат од Кривичен суд Скопје. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на местото по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија се преземаат како ...