Приватните специјализанти, незадоволни од вчерашната одлука од владината седница, денеска го продолжија штрајкот што го почнаа пред два дена. Велат дека ниту едно од нивните барање не е решено и само се употребени истите лажни ветувања кои ги имаат слушнато веќе неколкупати. Владата вчера ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство, во врска со барањата на специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат ...

Од понеделник приватните специјализанти ќе протестираат пред Министерството за здравство, за да ги види министерот и да го потсетат дека не им се исполнети барањата. Мотото ќе биде „5 до 12 за македонското здравство“. Куферот околу 250 лекари го пакуваат секоја година и заминуваат во странство. Тоа го чувствуваат и пациентите. И од Светската здравствена организација на Денот на лекарите порачаа дека освен подобри услови за лекарите, државата ...

Разочарани од одлуката на Владата работниот статус да им се решава по изборите, приватните специјализанти и денеска – трет ден по ред штрајкуваа. На Владата и порачаа дека одбивањето да го реши овој проблем сега, за нив е јасна порака дека за младите лекари нема место во оваа држава. „Почитуван министер дали вам толку ви е замаглен погледот од партиските консталации во оваа држава што и малкуте граѓани, интелектуалци кои останавме не ги гледате ...