Седумдесет и осумгодишен велосипедист од Скопје доцна синоќа го загуби животот откако бил удрен од автомобил управуван од 26 годишник. Несреќата се случила на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје. Велосипедистот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а возачот К.В. (26) е приведен во полициската станица во Кисела Вода. © 2020 ...
На 06.03.2025 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ со кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(34), удрило во пешакот Б.П.(43), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Поврзани вести преку ...