Саниран е дефектот на главниот градски водоводен цевковод. Откако водоводниот систем ќе се наполни целосно со вода, ќе потече од сите чешми. Сменети се големите затворачи од 1.600 милиметри. По овој зафат, кој се прави по 60 години, жителите на Карпош и Ѓорче би требало да добијат подобро водоснабдување. Откако се обезбедија со вода, граѓаните рационално ја користеле само за основни потреби, лична хигиена, пиење и подготовка на храна. ...
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје и во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата. Ова го соопштив денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, од улица „Никола Парапунов“, местото каде што минатата недела настана главниот дефект со излевање на водата. – Би сакала да им се заблагодарам на техничките и стручните лица од ЈП „Водовод и канализација“ за храброста што ја имаа и што ја ...