Министерството за земјоделство и стопанските комори ја започнаа кампањата за поддршка на домашните земјоделски производи. Со слоганот „Најдоброто од Македонија: нашата традиција, нашата гордост“, министерот Трипуновски разговараше со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Но, она што останува дискутабилно се често повисоките цени на домашните производи во споредба со истите што се увезуваат од регионот. Министерот рече ...
Од јули минатата година до крајот на јули годинава, најголем пораст на цените во земјоделското производство е забележан кај зеленчукот – 63,3%, потоа кај овошјето и грозјето со 33,2%, како и кај вината со 18%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Житата и оризот поскапеле за 2,2%, а компирот за 7,1% на годишно ниво. Вкупно, цените на растителното земјоделско производство пораснале за 39,9%, додека кај добиточната храна растот ...

