Македонија ја нема очекуваната доминација против Казахстан, резултатот во Скопје е 0-0, а на дербито во групата Ј од квалификациите за СП во фудбал, помеѓу Велс и Белгија, стрелците се расположени. Велшаните поведоа со 1-0 во осма минута, но сега резултатот е 1-2, а уште трае првото полувреме. Де Бројне погоди од пенал, откако главниот судија доби повик од ВАР собата по едно играње со рака во 16-никот на Велс. Овој пенал делуваше шокантно за ...
Македонија не успеа да го победи Казахстан, одигра дома само 1:1. Исто така во Кардиф селекцијата на Белгија победи кај Велс со 2:4. Па така сега Белгија е прва, а ние речиси и да немаме шанси за директен пласман на Мундијалот ако се знае дека сега сме втори со 13 бодови, прва е Белгиоја со 14 и меч помалку. Ова значи дека во ноември во Кардиф на гости кај Велс, на Македонија ќе и треба веројатно реми за да го обезбеди второто место и баражот. ...
Ремито од 1-1 дома против Казахстан, е кикс за македонската фудбалска репрезентација, и пропуштена шанса да се остане лидер на табелата во групата од квалификациите за СП 2026 во пресрет на ноемврискиот циклус во кој ќе гостуваме кај Велс. Казахстан водеше, Македонија изедначи со прекрасен гол на Барди, на крајот 1-1 е можеби и реално според случувањата на теренот, иако тоа не е она што го очекувавме и посакувавме. На другиот меч, Белгија ...