Бугарското општество повеќе од еден век живее во еден имагинарен свет, свет што се должи на повеќевековна пропаганда што ги негира македонскиот јазик и другите македонски национални особености. Една подлабока анализа потврдува дека бугарските граѓани не можат да ја согледаат реалноста, затоа што повеќе од еден век се подложни на пропаганда што влијае врз нивните мисли, верувања и однесувања, пропаганда што презентира погрешни и пристрасни ...
Шлаканицата во лице може да ја разбереме и метафорично, односно како суровата проверка на реалноста ги уништува фантазиите, со други зборови шлаканицата ни овозможува да се соочиме со реалноста. Деновиве сите ние, како држава, нација и општество, сме сведоци на метафорична шлаканица. Во ситуација кога постојно се негира постоењето на македонскиот јазик, Раул Гонзалез Гутиерез, човекот што со македонски ракометен клуб ја освои Европа (Лигата на ...