Двајца нови сведоци предложени од Бојан Јовановски-Боки 13 денеска треба да се сослушаат на рочиштето за случајот „Рекет“. И на вчерашното рочиште сведочеа три лица предложени од Боки, меѓу кои и стилистот Сергеј Варошлија, кој зборуваше дека со оглед на тоа што обвинетиот бил „инфлуенсер“ добивал подароци од познати модни брендови за да ги рекламира. Зборуваше и дека од летото 2018 г. интензивно се дружеле со Зоран Милески-Кичеец, кој исто така ...

Јутјуберот Стефан Лазаров за прв пат по фијаското со наградната игра која ја организираа со Бојан Јовановски, јавно проговори за неговиот однос со Боки на поткастот на Сител телевизија. Тој вели повеќе не го почитува Боки и соработката со него завршила, но не е подготвен да проговори и да каже што точно се случило иако сите знаат дека нешто се случило со нив двајца. Вели Боки е човекот кој прв го вработил и му дал шанса, си имал своја слика ...