Водство за домаќините од 1-0 донесе Садио Мане уште во 3. минута од мечот. До крајот на првиот дел беше и 2-0 откако Јахја прецизно стрелаше во 37. минута. Во вториот дел гостите заиграа далеку подобро. Прво Карим Бензема намали на 2-1 во 49. минута, а само три минути подоцна Канте донесе израмнување (2-2). Гостите до крајот стигнаа и до голема победа во трката за титулата (2-3) со голот на Ауар во 94. минута. Al Ittihad [2] – 2 Al Nassr / ...
Ал-Итихад е на добар пат по пауза од една сезона, повторно да стане шампион на Саудиска Арабија. Тимот во кој главна ѕвезда е Карим Бензема, вечерва со 3-2 го победи Ал-Наср на Кристијано Роналдо, иако Ал-Наср по првото полувреме водеше со 2-0. Пресвртот го најави Бензема, израмни Канте, а Ауар погоди во 94-та минута за голема победа по која на актуелниот првак Ал-Хилал му бегаат шест бода на четири кола до крајот. Ал-Наср на Роналдо падна на ...