За шести претседател на Грузија е избран кандидатот на владејачката партија „Грузиски сон“, поранешниот пратеник Михаил Кавелашвили. Гласањето во парламентот се вршеше преку избирачкиот колегиум, што никогаш претходно не се случило во Грузија. Ова се први претседателски избори на кои претседателот на државата се избира од електори, а промената на уставот ја сведе функцијата на претседателот на церемонијална улога, што претходно не беше случај. ...

Владејачката партија во Тбилиси го избра ултрадесничарскиот Михаил Кавелашвили за претседател, без директни избори. Неговата проевропска претходничка Зурабишвили не го признава изборот и повикува на протест. И покрај тековните протести, изборното собрание во Грузија го избра ултрадесничарскиот екс-професионален фудбалер за нов шеф на државата. 53-годишниот кандидат од владејачката партија грузиски сон немаше конкуренти. Пратеник е од 2016 ...