Македонскиот кошаркар, Андреј Јакимовски игра се подобро и подобро во дресот на Тренто, тим за кој вечерва „експлодираше“ во соочувањето со Кемниц во Еврокупот. Популарниот Јаки иако не беше стартер беше далеку најдобар играч на италијанскиот тим во ова соочување кое на крајот им припадна на гостите со 105:94. Андреј испорача 30 поени (9/9 за еден, 6/9 за два, 3/8 за три) за 26 минути на паркетот, но и собра 8 скока што едноставно говори за ...
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски, беше убедливо најдобриот кошаркар во редовите на Тренто, во дуелот со Кемниц во Еврокупот. Неговата „брутална“ партија во која постигна 30 поени, не беше доволна за победа на својот тим. На крајот германската екипа славеше со 94-105. За нешто повеќе од 26 минути минати на паркетот, Македонецот постигна 30 поени, од кои шест за два поени, три тројки и девет слободни фрлања. Имаше и осум скока. Јакимовски ...

